Добредојдовте на нашиот веб-сајт

Водич низ нашата содржина

Започни

За Нас

КВАДАР е архитектонска фирма, која нуди комплетна професионална услуга во области на проектирање, урбанистичко планирање и дизајн. Нашата пракса создаде портфолио од најразлични типови на проекти за објекти од резиденцијален, индустриски, образовен и деловен карактер како и ентериерно уредување. Ние соработуваме со повеќе специјализирани фирми го градиме проектниот тим, менаџираме со клиентот и договорните страни. Проектите ги создаваме од идеја и се до изградба.

Наша мисија

Да придонесеме за општеството со проктирање на објекти, висококвалитетни, безбедни, естетски, енергетски ефикасни и економични за живеење, работење, социјално дружење задоволувајќи ги стамбените, деловните и социјалните потреби на луѓето. Сакаме да бидеме стандард, мерка за квалитет и професионалност. Сакаме да бидеме достапни за сите клиенти, добар работодавач за нашите вработени и да бидеме општествено одговорна компанија која ги помага и разбира потребите на општеството во кое постоиме и работиме.

Нашето мото е вложување, сигурност, стабилност, заштита и доверба Нашата мисија е КВАДАР ДОО како фирма која се занимава со архитектура, проектирање, урбанистичко планирање, ревизија на проектна документација и урбанистички планови и надзор над изградба на градби да обезбеди квалитетна, сигурна и брза услуга со воведување нови современи општествено корисни услуги на пазарот.

Нашата визија

Со нашето работење секогаш се стремиме кон подобрување на нашите перформанси, одговорност и свест со цел да обезбедиме врвна сигурност и задоволство на своите клиенти и со тоа да ја оправдаме нивната доверба. Работиме на создавање проекти за простори за живеење, деловно работење, урбанистичко планирање и консалтинг погодни за секој буџет без да го жртвуваме квалитетот на финалниот производ.

Се стремиме кон континуиран развој со нови идеи и производи. Нашиот тим има јасна визија да биде водечки во својата дејност со иновативност, транспарентност и професионален пристап кон задачите кои ги носи новото време. Тука сме за да донесеме нов модерен пристап кон инженерските дисциплини во кои нашиот тим е компетентен.

Се стремиме кон промени и подобрување

Имаме на ум дека клиентот е најважен. Со ангажирање и континуирано усовршување на нашите вработени настојуваме кон зголемување на пазарниот удел, профитабилност и вредност на компанијата. За да ги исполниме нашата мисија и визија се водиме од корпоративните и општествените вредности, во сè вкупното наше работење.

Галерија

  • Сите
  • Објект
  • Дизајн
  • Надзор

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЖИВОТНА СРЕДИНА И БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА НА КВАДАР


Имплементиран и континуирано подобруван систем за управување со квалитет, согласно барањата на стандардот ISO 9001 и негово преиспитување на ефикасност и ефективност, грижа за заштита на животната средина преку проектирање на енергетски ефикасни објекти, управување со отпад и уредност на работната средина согласно стандардот ISO 14001, како и грижа за безбедност и здравје при работа согласно ISO 45001.
Раководството и вработените се залагаат за:

Континуирана, долготрајна и квалитетна соработка со сите засегнати страни.
Постигнување висок стандард на услуги за своите клиенти, според договореното барање во согласност со деталите и цената од областа на проектирањето, ревизија на проектна документација и надзорот на објекти, што одговара на сите нормативни барања и е во согласност со нивните барања.
Континуирано следење на степенот на задоволство на клиентите и проучување и исполнување на нивните препораки, барања и рекламации, сé со цел истите позитивно да се искористат за подобрување на услугите кои ги нудиме.
Одржување на тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и грижа за одржување на благопријатен творечки амбиент, при што секој извршител е свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
Грижа за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системите за управување со квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа.
Навремена идентификација на внатрешните и надворешните прашања и очекувања, како и ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на услугите кои ги нудиме.
Постојаното подобрување и иновации врз основа на ефикасни деловни процеси, добро дефинирани анализи, добри практики и анкети на клиенти.
Исполнување на барањата на законската регулатива од областа на животната средина и безбедноста и здравјето при работната, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.
Идентификување на сите аспекти на животната средина и ставање под контрола на значајните аспекти за животната средина.
Eлиминирање на опасности и смалување на ОH&S ризиците.
Континуирано учество и консултирање на вработените во врска со безбедноста и здравјето при работа.
Континуирано подобрување на своите дејности и услуги со цел да бидат во склад со животната средина, преку доследно почитување на законите, прописите и стандардите.
Вложување на максимални напори за зачувување на безбедноста и здравјето при работа на сите засегнати страни, извршуваќи ги сите активности во согласност со тековните закони барања и прописи.

Контакт

Информации и начин како да не контактирате

Локација:

Ул.Никола Русински 3-1/5

Мобилен:

075-408-087, 02 520-0929